hiv

Светскиот ден на борба против СИДА ќе се одбележи и во Охрид

Охрид, 1. декември 2017 (Inpress) – Под мотото „Моето здравје, мое право“, охридскиот Црвен крст ќе го одбележи 1-ви декември, Светскиот ден на борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА, од 1-7 декември 2017 година.

Кампањата се фокусира на правото на здравје и ги истражува предизвиците со кои се соочуваат луѓето ширум светот во остварување на нивните права.

– Сите луѓе без разлика на нивните години, пол, раса, место на живеење имаат право на здравје и заслужуваат еднакви здравствени можности, како и достапни и квалитетни здравствени услуги, ослободени од дискриминацја. Годинешната кампања ги потсетува луѓето дека правото на здравје е многу повеќе од достапност до квалитетни здравствени сервиси и лекарства, дека истото зависи и од голем број на други услови како соодветна санитација и домување, услови за здрава работна средина, чиста животна средина и достапност до правда. Ако правото на здравје на една личност е компромитирано, тогаш таа не е во можност да ги оствари своите права за превенирање на заболувањата, подобрување на своето здравје, вклучително и лицата со ХИВ да имаат пристап до третман и грижа, информираат организаторите. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest