Kosarka Makedonija

Македонија домаќин на второлигашко Европско првенство за јуниори!

Скопје, 4. декември 2017 (ИНПРЕС)Раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска ја извести јавноста дека и в година ќе биде домаќин на второлигашки европски континентален собир, овој пат за играчи до 18 години.

Станува збор за Европско првенство (ЕП), дивизија Б, за јуниори, кое од 27 јули до 5 август 2018 година ќе се одржи во Скопје. Со ова се продолжува традицијата на организација големи собири во младински категории кај нас, а која трае веќе десетина години.

Нашите кадети ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16. до 25. август. Кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе биде организирано во Сараево од 9. до 18. август. Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13. јули до 22. јули. (Крај)

извор: Спорт1.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest