Pogba Crven

Погба се соочува со дополнителна суспензија

Лондон, 4. декември 2017 (ИНПРЕС)Пол Погба би можел да биде дополнително казнет поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.

Како што пренесуваа англиските медиуми, французинот може да добие дополнителна казна доколку ФА го уважи записникот на судиите по натпреварот.Наводно, Погба автоматски добива три натпревари суспензија поради директниот црвен картон, но тоа не е се.

Французинот се терети и поради неспортско однесување, односно непочитување на судиската одлука.Медиумите потсетуваат дека поради истите причини, Нејмар минатата сезона доби четири натпревари суспензија поради аплаудирање кон главниот судија.

Се очекува ФА деновиве да ја донесе конечната одлука. (Крај)

извор: Спортски.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest