vodacesma-640x359

Се нормализира состојбата со водата за пиење во Струга

Струга, 4. декември 2017 (Inpress) – Последните анализи на квалитетот на водата за пиење од водоводна мрежа во Струга покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во рамки на пропишаните и законски дозволени вредности, информираат од Центарот за јавно здравје.

Во тек е комплетна физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода за пиење од градскиот водовод во Струга, а официјалниот наод од анализита ќе биде доставен до надлежните инспекциски служби, за натамошно постапување. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest