Pandev 1

Џенова со голот на Пандев по 60 години ја победи Верона на гости

Верона, 5. декември 2017 (ИНПРЕС)Џенова направи голем чекор напред во битката за опстанок во Серија А, победувајќи ја Верона на гости со 0-1, со голот на македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Овој гол е прв за „Ил Гранде Мачедоне“ оваа сезона во италијанскиот шампионат, но урна еден неверојатно голем малер.

pandev so verona 2

Имено, со погодокот на Пандев, Џенова успеа да ја победи Верона на гости по цели 60 години. Последен пат тоа на тимот му успеало во сезоната 1957/58, кога Џенова славеше со 1-3. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest