sovetsednica1-640x358

Нацрт буџетот на општина Охрид за следната година денес пред советниците

Охрид, 5. декември 2017 (Inpress) – Денеска ќе се одржи третата седница на Советот на општина Охрид.

Пред градските избраници ќе се најдат 27 точки, меѓу кои Предлог одлуките за усвојување на нацрт буџетот и  утврдување фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2018 година.

Со оглед на тоа што ни претстои зимската сезона, советниците ќе расправаат и по предлог одлуката за усвојување на оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Охрид, приградските и селските населби за следната година. Ќе се разгледуваат и нацрт развојните програми за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај и за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за период 2018 – 2020 година.

На дневен ред, меѓу другото, се и предлог одлуките за нацрт програмата за поттикнување на развојот на туризмот, поддршка на локалниот економски развој на општината, нацрт програмата за финансиските потреби на охридската територијална противпожарна единица и програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018 – 2020 година. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest