svetiklimentspomenik-640x360

Со премиера на претставата „Баал“ на охридскиот театар започнуваат чествувањата на Патронот на градот Св.Климент Охридски

Охрид, 5. декември 2017 (Inpress) – Со премиера на претставата „Баал“ на охридскиот театар, од вечерва започнуваат чествувањата на Патронот на градот Св.Климент Охридски.

Утревечер од 18:00 часот концерт ќе одржат учениците од ОМУ „Методи Патче“, а од 19:30 часот во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе биде свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Во четврток, 7-ми декември во 12:00 часот во големата општинска сала ќе биде промовирана книгата „Слова за Свети Климент Охридски“ од  проф. д-р Димитар Пандев. Од 18:30 часот во Центарот за култура ќе биде отворена традиционалната изложба на фото-клубот „Охрид“, а половина час подоцна и изложбата на роднокрајни ликовни уметници. Во 19:30 часот ќе започене свечената приредба по повод патронатот на охридската гимназија.

На денот на празникот, за 11:00 часот е предвиден поклонение пред моштите на Св.Климент Охридски во црквата на Плаошник, а половина час подоцна и полагање свежо цвеќе на неговиот споменик во основното училиште.

Напладне ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на „Св. Климент Охридски “ на градскиот плоштад. Вечерта од 20:00 часот, во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ ќе се одржи свечената академија по повод  Денот на градот Охрид.

Активностите за чествување на патронот на Охрид ќе завршат во сабота, за кога е закажан хуманитарен музички хепенинг (рок-мобилизација во чест на Св. Климент Охридски), во организација на охридскиот Црвен Крст. Настанот е со почеток во 12:00 часот на градскиот плоштад. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest