dik-640x360

Чичаковски, Дума и Милев поднесоа оставки од ДИК

Скопје, 11. декември 2017 (Inpress) – Членовите на Државната изборна комисија предложени од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума си поднеле оставки од своите места во комисијата, а оставка поднел и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Според Одлуката за исплата на надоместоците за спроведувањето на последните локални избори и Правилникот за определување на надоместоци, донесена на затворена седница на 16 -ти ноември, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати.

Претседателот и членовите на ДИК, Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева си исплатиле дополнителни четири нето плати.

Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, и Асани Салија која седна на неговото место предложена од БЕСА, добиле дополнителни две нето исплатени плати во последниот месец.

За закажаните, а неодржани избори во април минатата година, членовите на ДИК си поделиле три плати. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори.

Под притисок на јавноста, ДИК минатата недела одржа седница на која членовите на ДИК одлучија парите да се вратат или пак да се донираат.

Мандатот на овој состав истекува во 2020 година. (Крај)

извор: НоваТВ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest