Missing image

Бостон се врати на победничките патеки, Крис Пол маестрален во победата на Хјустон против Шарлот (Видео)

Бостон, 14. декември 2017 (ИНПРЕС) – Бостон Селтикс, кој е лидер на Источната конференција го победи тимот на Денвер Нагетс. Селтикси победија благодарение на експресно брзиот Ирвинг кој реализираше 33 поени и кој, постојано се надигруваа со противничкиот играч на Денвер, Харис кој постигна 36 поени.

На другата страна на западната конференција, лидерот Хјустон Рокетс успеа да ја реализира 11. победа по ред, совладувајќи го тимот на Шарлот со 108:96. Хјустон постојано ја држеше играта под контрола благодарение на Крис Пол и ,,Брадата“ Харден. Пол постигна 31 поен, 11 асистенции и 7 скокови, а Харден, даде 21 поени, 8 асистенции и 4 скокови. Центарот на Шарлот, Хауард беше најефикасен постигнувајќи 26 поени за поразениот тим.

извор: Дерби.мк фото: архива