Real

Реал Мадрид преку Ал Џазира за финале со Гремио во клупското СП

Абу Даби, 14. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Реал Мадрид и Гремио ќе играат во големото финале на Светското клупско фудбалско првенство во Абу Даби.

„Кралскиот“ клуб во полуфиналето ја совлада Ал Џазира со 2:1 со пресврт во второто полувреме и по третпат од 2000 година ќе игра за трофејот во натпреварувањето на ФИФА. Ал Џазира најпрво изненадувачки поведе благодарение на Ромарињо во 41-та минута и со 1-0 замина на пауза.

Во вториот дел Реал Мадрид изендачи преку Кристијано Роналдо уште во 53 минута, а потоа ппортугалецот се јави во улога на асистент на Герет Бејл во 81. за триумф со 2:1 и ново финале во Светското клупско фудбалско првенство, каде има две освоени титули.

Во финалето ќе игра против Гремио, кој во првото полуфинале ја совлада мексиканска Пачука со 1:0 со голот на Евертон во петтата минута од продолженијата. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest