Martina-Miroska

Атлетичарката Мартина Мироска најуспешна за 2017 година во младинска категорија

Охрид, 14. декември 2017 (ИНПРЕС) – Атлетската федерација на Македонија вчера ги прогласи најуспешните во атлетскиот спорт за 2017 година, а меѓу нив се најде и спортистка од Охрид.

Охриѓанката Мартина Мироска, член на АК „Охрид“ го доби признанието најуспешна во категоријата младинки.

MartinaMiroskapehar

Годинава што изминува беше особено плодна за Мироска која учествуваше на бројни атлеткски митинзи и европски првенства, а го држи и рекордот во дисциплината скок во далечина 5,91 метри. (Крај)

извор: ИнПрес фото: fb

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest