zatemnetistakla

СВР Охрид ќе ги контролира возилата со затемнети стакла, предвидени казни до 300 евра

Охрид, 16. декември 2017 (Inpress) – Работејќи на постојано унапредување и подигнување на безбедноста во сообраќајот, констатирана е зачестена појава на управување на моторни возила кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата, информираат од СВР Охрид.

– Со цел да се почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, Секторот започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина. При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest