policijaopsta

Сообраќајка кај „Елешец“, повредено едно лице

Охрид, 20. декември 2017 (Inpress) – На регионалниот пат Охрид-Свети Наум, на потегот помеѓу авто-кампот „Елешец“ и селото Пештани, вчера во 08:10 часот се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– 38-годишната Л.Ц. од селото Пештани, управувајки патничко возило „Даеву Нексија“ со охридски регистерски таблици изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво. Во незгодата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Болницата„Свети Еразмо“ – Охрид, каде била задржана на натамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest