SVROhrid

СВР Охрид на работен состанок со Агенциите за обезбедување

Охрид, 21. декември 2017 (Inpress) – На иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, денеска во СВР Охрид ќе се одржи работен состанок со претставниците на Агенциите за обезбедување што своите задачи од јавен интерес, согласно Законот за приватно обезбедување ги вршат во Охрид.

– Средбата има превентивно-координативен карактер и претставува дефинирање на мерки за интензивирање на професионал- ната  соработка со Агенциите како еден од субјектите во безбедноста на локален план, зајакнување на соработката и контактите со полициските службеници при преземање на ефикасни плански активности од областа на безбедноста и ефективно справување со безбедносните задачи, информираат од СВР Охрид.

Целта на работната средба е подготовка и соработка за подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници, намалување на бројот на казнените дела, јасна, доследна и недвосмислена примена на овластувањата и навремено преземање на ефикасни интервенции во делот на јавниот ред и мир и при други казнени дела со елементи на насилство. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest