pretstavavevcani_640x360

Нова премиера на патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани

Вевчани, 21. декември 2017 (Inpress) – Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ кој работи во рамките на КУД „Дримкол” од Вевчани со нова театарска претстава.

Вечерва од 18:00 часот во Домот на култура во Вевчани ќе се одржи премиера на мултимедијална театарска претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

– Оваа претстава е наменета за деца и младинци се со цел силните пораки кои ги праќа овој автор преку овој текст да допрат до децата и младите. За да се постигне истото во претставата се прави спој на видео анимации, звук и актерска игра на Душко Кукоски кој го толкува ликот на писателот Виктор Иго и на еден специфичен начин ја води публиката низ приказната. Преку ваквиот интересен спој на мултимедијална презентација и актерска игра се праќа моќна, едукативна порака за вечната борба помеѓу доброто и злото, со надеж дека доброто секогаш ќе надвладее – велат од раководството на Дримкол.

Оваа година за КУД „Дримкол“ е од особено значење затоа што друштвото прослави значаен јубилеј, 70 години организиран фолклор во Вевчани. Со оваа театарска претстава, која што е дел од годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија, Дримкол ги реализира и заокружи сите предвидени активности за годинава која изминува. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest