Missing image

Повторно збогатен книжниот фонд во охридската библиотека

Охрид, 3. јануари 2018 (Inpress) – Книжниот фонд во Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е побогат за уште неколку наслови.

Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови: „Верзијата на Барни” од Мордекај Ришлер, „Агриџенто” од Костас Хаџиантониу, „Змија” од Стиг Дагерман, „Констанца Ринг” од Амалија Скрам, „Ненаситност 2” од Станислав Игнаци Виткевич, „Враќање: Нема смрт додека ѕвони” од Димитар Башевски, „Потрага по Елен Лејбовиц”, „Тврдина од пепел”, „Љубовта на генералот” и „Татковите книги” од Луан Старова, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: Inpress фото: архива