kalendar1-640x360

Ќе биде ли 2-ри јануари од следната година повторно неработен ден?

Скопје/Охрид, 3. јануари 2018 (Inpress) – Министерството за труд и социјална политика најави дека ќе го преиспита законот за празниците и можно е 2 јануари повторно да биде прогласен за неработен ден.

На ваков чекор се одлучиле по забелешките на граѓаните минативе години. Но, во таквата одлука клучни ќе бидат мислењата на работодавачите и работниците.

Периодов наназад работодавачите укажуваа дека има многу празници. Од друга страна пак, неработните денови добро доаѓаат за работниците. До пред десетина години 2-ри јануари беше неработен ден.

Дел од охриѓани со кои поразговаравме велат добро е и така да останеше. Тоа позитивно би се одразило на туризмот, бидејќи гостите ќе можат уште еден ден да останат на охридската ривиера. Останува да видиме каков ќе биде исходот од разговорите со претставници на работодавачите и работниците.

ohrid0101184

Инаку, Законот за празници беше изменет во 2007 година кога 2-ри јануари беше прогласен за работен ден, а беа додадени низа нови празници. Постојниот закон предвидува 12 неработни дена за сите граѓани на Република Македонија и уште дополнителни 5 неработни за православните граѓани, 3 за католиците, еден за муслиманите и по уште еден неработен ден за припадниците на албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и за турската заедница. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest