tamarokamion11

„Тамаро“ караванот носи радост за најмладите во рамките на „Бадниковата вечер“ (Фото)

Охрид, 5. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Стотици пакетчиња за илјадници детски насмевки секоја вечер се доделуваат за најмладите охриѓанчиња во рамките на новиот начин на прослава на манифестацијата „Бадникова вечер“ на охридските „Тамаро“ маркети.

tamarokamion2Посебно украсениот камион веќе трета вечер го обиколува целиот град, заедно со Дџ, танчерки, Жанко ЗШ Голабоски и неизбежниот Дедо мраз кој донесе радост и подароци за многу дечиња. Синоќа главната забава беше во маркетот наспроти Градскиот пазар и во населбата Далјан, а ден претходно во двата маркети на „Тамаро“ во Лескоец.

tamarokamion3tamarokamion4– Вечерва, на 5-ти јануари заминуваме во посета на Струга и нашиот маркет таму, за целата манифестација да заврши утре со голема забава во маркетот на улицата „7-ми Ноември“ во склоп на фабриката „Братство“, информираат од „Тамаро“.

tamarokamion5 tamarokamion6Додаваат дека истиот ден, на 6-ти јануари, „Тамаро“ ќе биде дел и од манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и ќе доделуваат пакетчиња и на Градскиот плоштад во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Тамаро

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest