dennavinoto1

Ден на виното со Драган Б. Костиќ синоќа во Охрид (Фото)

Охрид, 5. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, охриѓани и гостите, синоќа уживаа во најубавите вина на „Тиквеш“, „Вила Марија“ и „Стоби“ и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ. dennavinoto2 dennavinoto3И покрај ладното време, и овој настан помина во позитивна атмосфера и забава која траеше до доцна во ноќта. Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на Градскиот плоштад.

dennavinoto4Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20:00 часот, во дрвената куќичка ќе настапат популарните Силви бенд.

poster05012018Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. Во недела, на 7-ми јануари, за празникот Божиќ на големата сцена ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година ќе уживаме во музиката на Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest