kradec1-640x360

Кривична за гостиварчанец кој крадел пари и предмети од неколку струшки фирми

Струга, 5. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од гостиварското село Врапчишта.  

Пријавениот, казнените дела ги сторил на 26-ти декември минатата година во објекти на деловни субјекти во Струга. Тој, со употреба на сила и подесен алат, ги отворал влезните врати и ги кинел поставените катинари, по што влегувал во службените простории, вршел пребарување и одземал пари и други предмети.

Со извршувањето на четирите тешки кражби во Струга, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 17.000 денари.

Пријавениот Џ.И. е познат извршител на вакви казнени дела против кого и досега биле поднесувани соодветни кривични пријави. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest