IMG_2654-640x360

Оштетени и раскопани делови од езерскиот кеј (Фото)

Охрид, 10. јануари 2018 (Inpress) – Деновиве вниманието на минувачите го привлекуваат извадени бехатон плочки, раскопани и пропаднати делови од кејот на Охридското Езеро.

Оштетувањата се најголеми на потегот пред поранешното одморалиште на ПТТ.

IMG_2652IMG_2651Останува отворено прашањето дали оштетувањата се последица на брановите или дело на несовесни поединци. Како и да е, ваквата состојба треба што поскоро да се санира, со оглед на тоа што овој дел охриѓани секојдневно го користат за прошетки и рекреација, а уште повеќе што ни претстои и големиот верски празник Богојавление Водици, кога се очекува градов повторно да биде исполнет до последно место со гости. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest