nabi-keita

Наби Кеита доаѓа во Ливерпул оваа зима

Ливерпул, 11. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Парите што ги доби Ливерпул за Филип Кутињо од Барселона може да се искористи за да се ангажира Наби Кеита и тоа веднаш.

Фудбалерот на РБ Лајпциг веќе беше договорен за околу 50 милиони евра и треба да се приклучи на Ливерпул по крајот на сезоната. Ливерпул, сепак, се обидува да го добие репрезентативецот на Гвинеја сега, а според весникот „Билд“, германскиот клуб е подготвен да преговара. Весникот вели дека Лајпциг ќе го ослободи 22-годишниот играч од средниот ред за да оди на „Енфилд“ 6 месеци порано, со дополнителен надомест од 15-20 милиони евра.

Од Ливерпул веднаш ги контактирале своите германски колеги по продажбата на Кутињо. Првично во Лајпциг не останале фасцинирани од идејата да се разделат порано од планираното со еден од најважните фудбалери, но потоа го смениле ставот.Од почетокот на сезоната Кеита има одиграно 20 натпревари и постигнато 5 гола во Бундеслигата.

Другата вест од Ливерпул е поврзана со Роберто Фирмињо. Според весникот „Телеграф”, тој добил предлог за договор кој ќе го задржи во Ливерпул до крајот на неговата кариера. Сегашниот договор на бразилскиот репрезентативец е до 2020 година. (Крај)

извор: Шеталиште фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest