timot-na-godinata 2017

УЕФА го објави тимот на годината: Целосна доминација на „кралевите“, Барселона само со еден фудбалер!

Нион, 11. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Речиси девет милиони милиони гласачи на официјалната страна на Европската фудбалска унија (УЕФА) ја искористија шансата да учествуват во изборот за најдобриот тим за минатата година, во кој на крајот тотално доминира клубт кој ги освои сите трофеи – Реал Мадрид.

Очекувано, по тоталната доминација на најтрофејниот светски клуб, Реал Мадрид, кој во минатата година успеа да ги одбрани трофеите во ЛШ, Суперкупот на Европа и клупскиот Мундијал да доминира во идеалниот состав кој го составија љубителите на фудбалот.

Во овој тим од таборот на „кралевите“ ги има Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос, Лука Модиќ и Кристијано Роналдо, за разлика од Барселона, која  ја претставува само Лионел Меси.

Можеби ќе останете изненадени бидејќи од Премиерлигата во изборот на составот на годината има само два фудбалери и тоа Кевин Де Брајне од Манчестер Сити и Еден Азар од Челси.

Останатите два играчи ни доаѓаат од Италија, поточно од Јувентус и тоа голмнот Џиџи Буфон и неговиот клупски соиграч Џорџо Кјиелини,а честа на француската лига ја брани Дани Алвес од ПСЖ. (Крај)

извор: Спорт1 фото: Уефа

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest