Analfabet-2

Охридскиот театар ќе ја започне новата година со гостување

Охрид, 11. јануари 2018 (Inpress) – Охридскиот, а и театрите низ Македонија кои дејствуваат во состав на центрите за култура, новата календарска година ќе ја стартуваат со интересна програма за сите љубители на театарската уметност.

Па, така Народниот театар од Охрид на 26-ти јануари гостува во Кичево, со хит комдијата „Аналфабет“, работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Ден подоцна, односно на 27-ми јануари оваа претстава ќе се игра пред домашната публика.

Центрите за култура, во чиј состав работат и театарските институции, во текот на овој месец ќе организираат и повеќе изложби, промоции, саеми на книгата и други содржини од областа на културата, кои се од особен интерес за граѓаните во градовите во земјава. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest