reprezentacija-rakomet

Ракометарите ќе добијат 100.000 евра ако стигнат до полуфинале на ЕП

Скопје, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација ќе добие премија од 100.000 евра доколку успее да се пласира во полуфиналето на Европското првенство кое денеска стартува во Хрватска.

Во соопштението од Ракометната федерација на Македонија, стои:

– На завршниот состанок на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори непосредно пред поаѓањето за ЕП2018 во Хрватска, Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир.

Имено, Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството. Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полу-финалето на ова првенство (пласман во топ 4), Претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.По исполнување на (некој од) горе наведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе бидат предложени за верификација до Управниот одбор на Федерацијата.

Сениорската машка репрезентација на Македонија од вчера е во Загреб каде веќе го одработи и првиот тренинг. Првиот меч нашите ракометари го играат утре во 19:30 часот, против селекцијата на Словенија. (Крај)

извор: РФМ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest