HrvatskaSrbija

Комплетни резултати од првиот ден на ЕП во Хрватска

Сплит, 13. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Вчера и официјално почна ЕП во Хрватска. Одиграни се четири средби, со кои е комплетирано првото коло во групите “А“ и “Б“ и на кои се постигнати воглавно очекувани резултати.

Големата балканска пресметка убедливо ја доби селекцијата на Хрватска, која ја декласираше Србија. Но, својата победа Хрватите ја платија прескапо, бидејќи го загубија Домагој Дувњак, кој скина мускул и кој најверојатно ќе паузира до крајот на првенството.

Прва победа извојува и Франција, но до бодовите дојде во самиот финиш и тоа по голема борба и во драматична завршница. Белорусија ја победи Австрија, а во скандинавското дерби Исланд беше подобар од Шведска.

Резултати:

Група “А“: Шведска – Исланд  24:26 (14:12) и Хрватска – Србија  32:22 (14:9)
Група “Б“: Белорусија – Австрија  27:26 (14:12) и Франција – Норвешка  32:31 (15:17)

Денеска ќе се одиграат и четирите средби во групите “Ц“ и “Д“.

Група “Ц“: 17.15 часот: Германија – Црна Гора, 19.30 часот: Македонија – Словенија
Група “Д“: 18.15 часот: Шпанија – Чешка, 20.30 часот: Данска – Унгарија. (Крај)

извор: Рк Металург фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest