Kvan Song

Репрезентативец на Северна Кореја пред потпис со Јувентус

Торино, 14. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат информација за неверојатен трансфер на Јувентус.

Шампионот наводно е заинтересиран за интернационалецот од Северна Кореја, Кванг-Сонг Хан, кој игра во тимот на Перуџа во Серија Б. Тој всушност е фудбалер на Калјари позајмен во второлигашот.

Сезонава 19-годишниот напаѓач има постигнато седум голови и три асистенции на 17 натпревари. Тој минатата сезона постигна гол и во Серија А, што стана првиот од својата земја што постигнал погодок во италијанскиот шампионат.

Јувентус сака да ја заврши работата уште сега во јануари и повторно да го отстапи Хан на позајмица во некој помал клуб со цел да стекне поголемо искуство. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest