Australia Open

Вечерва започнува Австралија Опен, најголемите тениски ѕвезди се враќаат во акција

Мелбурн, 14. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Од Роџер Федерер па се до Симона Халеп , Рафаел Надал до Новак Ѓоковиќ, најголемите тениски ѕвезди во светот се враќаат во акција на Австралија Опен .

Многу иновации, најдобрите експерти на едно место како и аналитичари ќе го покријат овој настан.

Матс Виландер, тениски експерт и седумкратен победник на Гранд Слем турнирите изјави:

,, Австралија Опен е настан кој играчите го сакаат најмногу,хеговата релаксирана природа им дозволува да го играат својот најдобар тенис, што е бенефит за сите фанови ширум Европа. Ги имаме најдобрите имиња во тенисот, ја нудиме најдобрата анализа на нивната игра и нашите фанови имаат можност да ги гледаат сите свои херои..Ние знаеме точно што сакаат фановите , бидејќи и ние самите сме фанови ”.

Роџер Федерер во Австралија ќе ја брка својата јубилејна 20-та Грен Слем титула во кариерата, а пречка во тој поход ќе му бидат Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ кој по повредата и шестмесечната пауза ќе сака победнички да се врати во врвот на тенисот. ( Крај)

извор: Суперспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest