Rajan Giggs

ФА на Велс преговара со Рајан Гигс

Кардиф, 14. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс бил интервјуиран од Фудбалската федерација на Велс за слободниот тренерски пост на чело на националниот тим, пренесе „Sky Sports“.

„Змејовите“ немаат ментор откако Крис Колман замина во ноември за да го преземе Сандерленд. Пред неколку недели, Гигс рече дека ќе биде за него чест да го предводи националниот тим на неговата татковина, а денес стана јасно дека локалната ФА веќе преговара со него.

44-годишниот Гигс има 64 натпревари за Велс како фудбалер, но досега не водел клуб во неговата менаџерска кариера, освен четири дуели на чело на Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната 2013/14. Потоа велшката ѕвезда беше асистент на Луис ван Гал две години, но замина од „Олд Трафорд“, по доаѓањето на Жозе Мурињо во летото 2016 година.

Рајан Гигс е поврзуван со многу клубови во Премиер лигата, откако водеше разговори со раководството на Свонси минатото лето, но на крајот не презеде ниту еден тим.

Велс не се квалификуваше за Светското првенство во Русија оваа година а раководството на ФА рече дека нема да се брза да избере нов ментор. (Крај)

извор: Стандард фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest