Arda-Turan

Арда Туран се врати дома во Турција

Истанбул, 14. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Арда Туран ја напушти Барселона и потпиша договор со тимот на Истанбул Башакшехир.

Турскиот репрезентативец речиси и да не добиваше шанса кај каталонците оваа сезона, а и минатата исто така не се прослави. По одличните игри во дресот на Атлетико Мадрид не се пронајде себе си по трансферот на „Камп Ноу“.

Тој се надева дека враќањето во тактковината ќе му помогне да ја пронајде старата форма. Интересно е тоа што Туран не се врати во својот Галатасарај, туку во градскиот ривал Башакшехир.

Во овој тим играат ѕвезди како Гаел Клиши, Емануел Адебајор и Ељеро Елија. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest