Zinedin Masas

Наполи го доведе Зинедин Машаш

Неапол, 14. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Фудбалскиот клуб Наполи потпиша договор со 22-годишниот играч Зинедин Машаш до јуни 2022 година.

На официјалната интернет-страница му посакаа добредојде на француско-алжирскиот играч, а веста за неговото доаѓање ја објави и претседателот Аурелио де Лаурентис на неговиот профил на „Твитер“.

Машаш во Наполи дојде како слободен играч. Неговиот договор со Тулуз го заврши минатиот месец, а проследен беше и со кавга со стручниот штаб.

Тој минатата сезона ја помина на заем во Олимпик Марсеј, каде што одигра 38 натпревари и постигна три гола во првата лига. (Крај)

извор: Спортлајф фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest