Velko

Раул го пријави Велко Маркоски на местото на Филип Лазаров против Германија

Загреб, 17. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Селекторот на македонската реорезентација, Раул Гонзалез за денешниот натпревар против Германија го пријави дефанзивецот на Доброгеа Суд, Велко Марковски на местото на Филип Лазаров.

Ова е прва замена која ја користи Шпанецот од почетокот на турнирот.Заради повреда на мускулот на ногата помладиот Лазаров не тренираше со полн интензитет и стручниот штаб нема да ризикува.

Велко Маркоски ќе ја засили одбраната и треба да биде еден вид одговор на одлуката на селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, кој го повика 205-сантиметри високиот специјалист за одбраната на Мелсунген, Фин Лемке. (Крај)

извор: Гол.мк фото: Гол.мк

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest