Ronaldinjo

Роналдињо стави крај на својата кариера

Рио Де Жанеиро, 17. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Магионичарот со фудбалската топка, Роналдињо и официјално донел одлука да стави крај со играњето фудбал, иако веќе две години нема настап за ниту еден клуб.

Легендарниот бразилски фудбалер ја завршува својата кариера на 37 годишна возраст.Неговата одлука ја соопшти неговиот брат кој ги реши сите дилеми околу поранешниот фудбалер на Барселона.

Бразилецот настапуваше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетао и Флуминенсе, кој воедно беше неговиот последен клуб. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest