NadalAo

Надал продолжува со победите во Мелбурн

Мелбурн, 17. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Австралија по победата со 6: 3,6: 4, 7: 6 над Леонардо Мајер од Аргентина.

Изненадувачки, Надал направи пауза кога сервираше за натпреварот при 5: 4 во третиот сет. Потоа сепак тој ја покажа својата класа и успеа да извлече победа по тајбрејк. Следниот ривал е 28-тиот во шемата Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина, кој оствари триумф со 7: 5, 3: 6, 6: 4 и 6: 1 над Џон Милман од Австралија.

Хрватот Иво Карловиќ стана најстариот играч кој стигна до третото коло на Австралија опен во својата 40-годишна историја. 38-годишниот тенисер пласираше 53 аса при успехот над Јуичи Сугита од Јапонија и победи со 7: 6 , 6: 7, 7: 5, 4: 6 и 12:10. Натпреварот траеше 4 часа и 33 минути и е најдолг натпревар на турнирот досега.

Карловиќ ќе се соочи со италијанецот Андреас Сепи во следниот круг.

Резултати : Рафаел Надал– Леонардо Мајер 6:3, 6:4, 7:6 ,Малек Џазири –Жил Милер 5:7, 4:6, 7:6 , 6:3, 2:6,Пабло Карено-Буста – Жил Симон 6:2, 3:0 и откажување на Симон,Денис Шаповалов – Жо-Вилфред Цонга 6:3, 3:6, 6:1, 6:7 , 5:7, Жоао Суса – Марин Чилиќ 1:6, 5:7, 2:6 ,Џон Милман -Дамир Џумхур 5:7, 6:3, 4:6, 1:6 и Пабло Кевас – Рајан Харисон 4:6, 6:7, 4:6. (Крај)

извор: Стандард фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest