EspanjolBarsa

Еспањол по девет години ја победи Барселона

Барселона 18. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Екипата на Еспањол синоќа го победи градскиот ривал Барселона, што е прв нивни триумф по пауза од девет години. Последен пат Еспањол ја имаше победено Барселона во 2009 година.

На синоќешниот дуел од четвртфиналето на шпанскиот куп, Лионел Меси не реализира пенал во 62.минута, а казната стигна во 88.минута кога Мелендо го постигна победничкиот гол за домаќините.

На другите два завршени натпревари, Севиља го совлада Атлетико Мадрид на гости со 2:1, додека Валенсија со истиот резултат беше поуспешна од Алавес на свој терен.

Вечер ќе играат Леганес-Реал Мадрид, а реваншите се на програмата другата седмица. (Крај)

извор: Идивиди фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest