vrsac-av-ohrid

АВ Охрид поразени од Вршац

Охрид/Вршац, 18. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид синоќа беа поразени од тимот на Вршац.

На гостувањето во Србија, во 14-та рунда од втората АБА лига резултатот беше 111:79 (28:19 30:19 23:24 30:17). Од самиот почеток на натпреварот беше јасно во чија полза ќе оди резултатот, првата четвртина ја доби Вршац, а резултатот на полувреме беше 58:38.

Па, така нашите кошаркари по 13 одиграни натпревари и само една службена победа и натаму се на последната позиција.

Во следното, 15-то коло, АВ Охрид на домашен терен ги пречекува кошаркарите на Зрињски Мостар. Натпреварот ќе се одигра на 24-ти јануари во салата „Билјанини извори“ од 17:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: АБА 2 лига

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest