mascerano

Маскерано ја напушта Барселона, оди за Кина!

Гуанжао, 19. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Оваа зима Маскерано ќе ја напушти Барселона, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој својот последен натпревар за Каталонците ќе го одигра идниот четврток против Еспањол во Кралскиот куп.

Новата дестинација во кариерата на Хавиер Маскерано ќе биде Кина, поточно во редовите на кинескиот прволигаш Хебеи на чија што клупа е Мануел Пелегрини. Трансферот на Маскерано ќе чини 10 милиони евра, а Аргентинецот ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Маскерано на „Камп Ноу“ пристигна во 2010-та година од редовите на Ливерпул. Со Барселона тој освои две титули во Лигата на шампионите, четири титули во шпанска Примера, четири Кралски купа, меѓутоа откако во клубот пристигна новиот тренер Ернесто Валверде, тој добиваше се помала минутажа.

Хавиер Маскерано во досегашната кариера покрај за Ливерпул и Барселона, тој настапуваше и за Ривер Плејт, Коринтијанс и Вест Хем. (Крај)

извор: ЗаЗабава фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest