MakFudbaleri

Македонија се искачи три места на ФИФА листата

Нион, 19. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Ново подобрување на ранкингот на нашата најдобра фудбалска репрезентација на ФИФА листата.

ФИФА ги објави новите рангирања на листата а со тоа нашата најдобра фудбалска репрезентација забележа ново искачување на истата, и тоа за три места погоре.

На најновата ранг листа, Македонија се наоѓа на 76 место што воедно е најдобар пласман на нашата селекција по пауза од неколку години.

Во среда, нашата селекција ќе ги дознае противниците за новоформираната Лига на нации, преку која ни се отвора можност за пласман на Европското првенство во 2020. година кое ќе се одржи низ Европа. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest