pique

Пике го продолжи договорот со Барселона

Барселона, 19. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Џерард Пике го продолжи договорот со Барселона и ќе остане во редовите на шпанскиот гигант во следните четири и пол години.

Шпанскиот интернационалец досега има 421 настап за Каталонците и во неговата кариера има освоено 25 значајни трофеи.

Новиот договор на Пике ќе му истече во јуни, 2022 година, а во него е вклучена и неверојатна откупна клаузула од 500 милиони евра. Тоа би требало да значи дека шпанскиот интернационалец кариерата ќе ја заврши во својот матичен клуб. (Крај)

извор: Суперспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest