messipari

Клубови кои најдобро плаќаат: Барселона е на врвот, а ултрабогатиот ПСЖ е – дури шести!

Барселона, 19. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Во светот на фудбалот се „вртат“ неверојатни суми за трансфери и бонуси на фудбалерите, но УЕФА ни ги открива бројките за плати, кои ги одвоиле клубовите и тие воопшто не се мали. На врвот на листата е Барселона, а „длабоко“ под нив се останатите гиганти.

Во продолжение ви ја претставуваме листата на клубови со највисоки плати во Европа.

На последното место во топ 20 се наоѓа Вест Хем кој одвојува „само“ 114 милиони евра, а годишниот раст им изнесува 20%. Поточно тоа е 59% од годишниот буџет на клубот и таа сума е над просекот на лигата 0,7 пати.Уште еден премиерлигаш ни следува, а тоа е Астон Вила со 125 милиони евра за плати на играчите и годишен раст од 14%. Тоа е 85% од годишниот буџет на клубот и сумата е 0,8 пати повисока од просекот на лигата.

Калчолигашот Интер се наоѓа на 18 место со 127 милиони и годишен раст од 6% или поточно 63% од годишниот буџет на клубот. Таа сума е 1,9 пати поголема од просекот на лигата.Евертон за плати одвојува 128 милиони евра, со годишен раст од 27% и тоа е 78% од годишниот буџет. Пресметано е дека тоа е 0,8 пати повисоко од просекот во лигата.

на 16 место се наоѓа бундеслигашот Волфсбург, кој троши 134 милиони евра за плати, со годишен пораст од 11% или 57% од буџетот на клубот. Таа бројка е 1,8 пати повисока од просекотт на лигата.Атлетико Мадрид одвојува 137 милиони евра за плати,  со годишен раст од неверојатни 31% и тоа е 60% од годишниот буџет. Поточно таа бројка е 1,9 пати над просекот.

Англичаните дефинитивно доминираат, а следен на листата(14 место) е Тотнам со 140 милиони евра за плати и годишен пад од 1%, односно 50% од годишниот буџет на тимот. Цифрата е 0,9 пати над просекот на лигата.Борусија Дортмунд одвојува 140 милиони евра, со годишен раст од 19%, а тоа е 49% од годишниот буџет на клубот. И таа бројка е 1,9 пати поголема од просекот.

Рома се наоѓа на 12 место со 156 милиони евра, кои ги одвојува за плати и годишен раст од 14%. Тоа е 71% од годишниот буџет и 2,3 пати над просекот на калчолигата.Милан одвојува 161 милиони евра со годишен пад од 2%. Таа бројка е 72% од годишниот буџет на „Росонерите“ и 2,4 пати над просекот на лигата.Актуелниот шампион на Италија, Јувентус троши 221 милиони евра за плати и има годишен раст од 12%. Тоа е 65% од годишниот буџет на клубот и таа бројка е 3,2 пати поголема од просекот.

„Топчиите“ трошат на плати 263 милиони евра и имаат годишен раст од 5%. Тоа е 55% од годишниот буџет на Арсенал и тоа е 1,7 пати повисок од просекот на Премиер лигата.

Баерн Минхен се наоѓа на 8 место со 270 милиони евра за плати и годишен раст од 5%. Тоа е 55% од годишниот буџет на „баварците“ и таа сума е 3,6% над просекот на Бундес лигата.Ливерпул троши 281 милиони евра за плати и годишен раст од 30%. Тоа е 69% од годишниот буџет на тимот и тоа е 1,8 пати повисоко од просекот во Премиер лигата.

„Принцовите“ одвојуваат 292 милиони евра и имаат годишен раст од 15%. Тоа е 54% од годишниот буџет на ПСЖ и таа бројка е 5,7 пати над просекот во Лига 1.

Манчестер Сити е на 5 позиција со 294 милиони евра, како и годишен раст од 6%. Тоа е 55% од годишниот буџет на клубот и таа цифра е повисока 1,9 пати од просекот во Премиер лигата.„Сините“ трошат 298 милиони евра за плати и имаат годишен раст од „само“ 5%. Тоа е 68% од годишниот буџет на Челси и тоа е 1,9 пати над просекот на лигата.

„Кралевите“ се на високото 3 место со 307 милиони евра и годишен раст од 6%. Поточно тоа е 49% од годишниот буџет на клубот и таа сума е 4,3 пати повисока од просекот во Примера.Манчестер Јунајтед плаќа 321 милиони евра за плати и има годишен раст од 21%. Тоа е 47% од годишниот буџет на „ѓаволите“ и тоа е 2,1 пати повисоко од остатокот во лигата.

На самиот врв на листата се наоѓа Барселона со 372 милиони евра за плати и годишен раст од 9%. Тоа е 60% од годишниот буџет на клубот и таа бројка е 5,2 пати повисока од остатокот на Ла Лига. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest