Gorecka2001

Леон Горецка официјално во Баерн Минхен

Гелзенкирхен, 21. јануари 2018 (ИНПРЕС) – Леон Горецка, најдобриот фудбалер на Шалке, на крајот на сезоната ќе направи трансфер во Баерн без оштета бидејќи ќе му истече договорот, изјави директорот на клубот Кристијан Хејдел.

Горецка веќе ги помина лекарските прегледи во Минхен и потпиша преддоговор со шампионот на Германија, кој ќе стапи на сила на први јули.

„Леон оваа недела нè извести дека ќе оди во Баерн и жал ни е што го слушаме тоа. Дури и Карл-Хајнц Румениге, директорот на Баерн, ни рече дека Горецка ги поминал прегледите. Изгубивме многу добар играч, направивме сè за да го задржиме, но уште летоска направил договор со Баерн. Не сме изненадени, се подготвуваме за ова“, изјави Хејдел за интернет-страницата на Шалке.

Баерн во трката за потпис на 23-годишниот германски репрезентативец ги победи Арсенал, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Барселона и Јувентус.Баварскиот гигант уште еднаш ја ослаби конкуренцијата во Бунделсигата, навивачите на Шалке сè уште ги боли трансферот на Мануел Нојер, а слично поминуваа и Борусија од Дортмунд, Хофенхајм, Штутгарт.

Горецка пред заминувањето на „Алијанц арената“, пет години играше за Шалке, претходно го носеше дресот и на Бохум, додека за репрезентацијата на Германија даде шест гола на 12 натпревари. (Крај)

извор: Спортлајф фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest