edinstvena-makedonija-1

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Скопје, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Единствена Македонија“ денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за донесување на одлука за повлекување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993.

„Единствена Македонија“ е новото име на партијата „Народно движење за Македонија“ кое лидерот Јанко Бачев го претстави во неделата кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата.

Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската унија. (Крај)

извор: А1.он.мк фото:архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest