Речиси 24 милиони евра за унапредување на капацитетите за развој на туризмот

Охрид, 24. јануари 2018 (Inpress) – 23,9 милиони евра се ставени на располагање на сите чинители од областа на туризмот, односно јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор за унапредување и зајакнување на капацитетите за развој на туризмот.

Толкав е вкупниот буџет на Проектот за локална и регионална конкурентност.

Целта на проектот е унапредување и зајакнување на  капацитетите за развој на туризмот со цел стимулирање на нови вработувања и зголемување на локалниот економски развој, потенцира Маја Блажев, специјалист за развој на туризам во проектот за локална и регионална конкурентност.

konferencijaturizam2

– Првиот повик за доделување подгрантови којшто директно ќе го подобрат локалниот економски развој во дестинациите е завршен,очекуваме финално селектирање, па наскоро ќе се знаат и проектите кои ќе бидат финансирани. Паралелно со подгрантовата шема, проектот за локална и регионална конкурентност има за цел да го унапреди и зајакне процесот на управување со дестинации преку спроведување на јавен и приватен дијалог. На првиот повик излегоа 147 подпроекти од сите градови од земјава. Тимот кој работи на проектот ги има разработено и олеснето начините и апликацикациските формулари, а воедно се организиарраат и работилници за објаснување на начинот на аплицирање, истакна Блажев.

majablazev

Наскоро ќе биде објавен и втор повик, на кој ќе може да аплицираат сите чинители кои директно ќе влијаат на подобрување и унапредување на капацитетите. Тоа значи инвестирање во областа на инфраструктурата со цел подобрување на пристап до атракции, на генералната инфраструктура за подобрување на општиот впечаток на туристот, вложување во нови и подобрени производи и услуги, воведување на иновативни производи, проширување на моменталната услуга, вложување во обуки за унапредување на работењето на приватниот сектор, потенцира Блажев.

За професорот на Факултетот за туризам и угостителство, Науме Мариноски, одобрувањето средства за унапредување на туризмот во нашата земја е еден од подобрите настани што се случуваат. Според проф.д-р Мариноски мора принципиелно да се утврдат носителите на туристичката политика и економија во определени простори како нашите. Се работи за простор кој во наредниот период треба поинтензивно да се развива.

naumemarinoski

– Моја сугестија беше во овој процес прецизно, јасно и недвосмислено најпрво да се определи туристичката дестинација, да се дефинира и да се ограничи. На тој начин ние ќе имаме еден систем на дестинации кои ќе можат успешно да се развиваат. Тоа претпоставува глобално унапредување на туризмот во Македонија и парцијално по определени регионални целини.  Македонија е една од земјите која многу тешко ги користеше фондовите од ИПА, ИПАРД, се надевам дека ќе има промени и ќе имаме служби кои директно ќе помагаат во добивањето на грантовите. Нашиот факултет заедно со општина Охрид искористи еден од поголемите грантови што се однесуваше на водите. Полза имаше и локалната и факултетот, дециден е професорот Мариноски.

konferencijaturizam

Проектот за локална и регионална конкурентност е финансиран од Европската унија, кој се администрира од Светска банка и се имплементира од кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања. Со овој проект се опфатени десет клучни дестинации, кои ја покриваат територијата на Македонија. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress