humanitarna_zabava_tose_640x360

Хуманитарна забава за роденденот на Тоше Проески

Охрид, 25. јануари 2018 (ИНПРЕС) – По традиција, со забава младите на Црвен крст Охрид денеска ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист, Тоше Проески.

Под мотото „Тоше во нашите срца, хуманост во нашите дела“,во кафе барот „Шила“ ќе се одржи хуманитарна забава.

Младите ќе се потсетат на хуманите дела и безвременските хитови на Проески во изведба на новоформираниот охридски бенд „Lucky Strikes“.

Цените на влезницата и пијалоците се прилагодени да бидат достапни на сите посетители. Почетокот на забавата е во 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest