Во Струга издадени 5 одобренија за градба во ноември 2017 година

Струга, 25. јануари 2018 (ИНПРЕС) – На територијата на општина Струга во ноември 2017 година биле издадени 5 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во четири случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден правен субјект. Предвидената вредност на објектите е 102 430 000 денари.

Колку за споредба, во месец октомври во Струга беа издадени 25 одобренија за градба. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива