snegvomaroko

По пет децении падна снег на југот од Мароко

Загора, 1. февруари 2018 (Inpress) – Првпат во последните 50 години падна снег во јуниот дел на Мароко.

Метеоролошката служба на Мароко соопшти дека снегот падна во близина на Загора и оти е последица на студен бран.

Во Загора падна од пет до осум сантиметри снег.

На почетокот од јануари годинава во најтоплата пустина во светот, Сахара падна снег. Феноменот е последица на студениот бран, што најмногу го погоди градот Аин Сефра, северен Алжир. Температурата во градот се спушти до минус 10 степени Целзиусови. (Крај)

извор: МИА фото: Twitter

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest