ЈП „Билјанини Извори“ организира Бизнис лига во мал фудбал

Охрид, 2. февруари 2018 (ИНПРЕС) – ЈП „Билјанини Извори“ следејќи ги пошироките потреби на нашето општество во овој случај потребите на активните вработени во компаниите, институциите и организациите организира Бизнис лига во мал фудбал.

– Спортското фудбалско дружење претставува Тим билдинг за вработените и ние искрено се надеваме дека со учеството на Бизнис лигата во мал фудбал ние заеднички ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа кај учесниците, а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти. Ги покануваме сите правни субјекти кои имаат можност за учество на Бизнис лигата во мал фудбал да се пријават најдоцна до среда 7-ми февруари. За условите за учество, начинот на пријавување сите заинтересирани можат да се информираат на телефонскиот број 078/261-164 (Владо), информираат од ЈП „Билјанини Извори“ од каде напменуваат дека бројот на учесници е ограничен така што пријавувањето може да се заокружи и пред горе наведениот датум. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива