migrantigrcija

Зголемен приливот на бегалци на грчките острови

Атина, 2. февруари 2018 (ИНПРЕС) – На грчките острови деновиве е регистиран зголемен прилив на мигранти, што се должи на подобрените временски услови.

Во последните три дена од Турција на грчките острови пристигнале 373 лица, соопштија локалните власти.

Во меѓувреме, кампот Виал на Хиос останува пренатрупан и покрај тоа што во последните денови на копно се префрлаат мигранти и бегалци за кои се смета дека се „во ранлива состојба“.

Виал има капацитет за околу 900 лица, но моментно во него има 1.380 луѓе.

Врховниот суд на Грција деновиве треба да ја разгледа жалбата на локалните власти против Министерството за миграции во врска со користењето на кампот Виал.

Ситуацијата е уште потешка во кампот Морија на Лезбос, каде што има 5.000 мигранти и бегалци, а капацитетот на прифатилиштето е не повеќе од 3.000 лица. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest