grigorprlicev-640x360

Со низа свечености ОУ „Григор Прличев“ ќе го одбележи патрониот празник

Охрид, 4. февруари 2018 (Inpress) – ОУ „Григор Прличев“ со повеќе активности во вторник, 6-ти февруари, ќе го одбележи патрониот празник.

Свеченостите ќе започнат во 11:00 часот во дворот на училиштето, со полагање цвеќе на бистата на Григор Прличев. Во 11:30 часот ќе се одржи Прличевата визита во новата зграда, во кабинетот по техничко образование.

Вечерта од 18:30 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена ликовна изложба и ќе бидат доделени награди на учениците.

Одбележувањето на патронатот ќе биде заокружено со свечената приредба, подготвена од страна на учениците и наставниците, која ќе започне од 19:00 часот во големата сала при Центарот за култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest