tekvondo_seminar_2_640x360 (1)

Повторно во Охрид технички семинар за теквондо со професорот Ким Унг Чол

Охрид, 3. февруари 2018 (Inpress) – Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец повторно ќе организира технички семинар со професорот Ким Унг Чол.

Професорот Чол, црн појас IX дан е претседател на комисијата за организирање турнири во рамки на Интернационалната теквондо федерација и еден од двајцата носители на титулата Сениор Гранд Мастер во светот.

Семинарот ќе се одржува од 9-ти до 11-ти февруари во новата сала на охридскиот теквондо клуб во Домот на културата во Лескоец. Подетални информации може да се добијат кај претседателот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest